United_Forever

13 Мај, 2008 - 18:19

ДЕСЕТКА ЗА ДОМИНАЦИЈА!!!

    Еве и тоа се случи по петти пат Манчестер успешно ја брани титулата во Премиер лигата и од сите пет патти оваа година можам да кажам дека беше најтешка и најнеизвесна се до самиот крај благодарејки на конкурентите кој жилаво се бореа цела сезона пред се мислам на Челзи и Арсенал,но за нив ке дадам осврт малку подоцна.

Wigan-Athletic-v-Manchester-United_1036189.jpg

 

Оваа година откога е формирана ЕПЛ(1992)ни е јубиларна бидејки освоивме десетата титула и се одлепивме од конкурентите(Манчестер 10,Арсенал 3,Челзи 2,Блекбурн 1) но во целокупната Aнглиска фудбалска историја сеуште лидер е Ливерпул со 18 додека ние единствено му дишеме во врат со 17 титули и се надевам дека набрзо ке се красиме со епитетот најтрофеен клуб во Англија и тоа под воството на Сир-Алекс Фергусон.

Wigan-Athletic-v-Manchester-United_1036182.jpg
Како и минатата така и оваа година сме тим со најефикасен напад и најцврста одбрана т.е со 80 дадени и 22 примени гола.Ферегусон и Роналдо ги лапнаа грото од наградите кој се доделуваат на крајот од годината во Англија а згора на тоа најдобер стрелец со постигнати 31 гол е токму К.Роналдо кој има големи шанси оваа година да стане најдобар фудбалер во светот.Исто така и со директните конкуренти скорот ни е супер со само еден пораз и една нерешена.Сите овие горенаведени податоци говорат дека имамвме неверојатно успешна сезона(за џабе Ферги во неколку наврати на потенцираше дека ова е најдобриот тим што го има тренирано во својата 22 годишна кариера во Манчестер) но со компетитивноста на другите два тима мислам на Арсенал и Челзи завршницата беше неизвесна до самиот крај.Нешто што ме грее и за следната сезона и покрај се поголемата и поголемата компетитивност во ЕПЛ,е неверојатниот потенцијал и таленат кој го има овој тим и со чело на Алекс знаејки ја неговата неверојатна глад за титули веке 22 години  неминовно е а да не очекуваме Трофи румот да засјае и со по уште некој нов трофеј нередниве години.Кога сме веке кај компетитивноста исто како и лани во овој шампионски пост ке дадам осврт и на главните конкуренти кој претендираа за првото место,ке почнам од најслабиот:

ЛИВЕРПУЛ - негде пред почетокот од оваа сезона кажав дека со евентуален кикс на Ливерпул и оваа сезона  главниот кривец треба да се бара во управата т,с во менаџерот.Зашто го велам ова.Сите знаеме дека Рафа имаше доволно финансиски средства и подршка од клубот за да биде компетитивен оваа сезона,донесе некој засилувања(рака на срце некој беа и прав избор пред се мислам на Торес) имаше одврзани раце но исто како и прошлата, заврши на 4 место и оваа година.Искрено кажано очекував многу повеке од Ливерпул но додека Рафа продолжи со за мене екстремно глупата ротирачка политика и сам да си го крши рбетот на тимот и другата година ке биде во борба за 4 место и конкуренти ке му бидат Евертон или евентуално Тотенхем,но ако го смени рецептот кој веке 4 години не му успева и тоа како ке биде опасност и ке атакува на првите две места,во спротивност на пола сезона единствено натпреварување ке му остане Лигата на Шампионите.

АРСЕНАЛ - или децата на Венгер(деца се веке 5 години се прашувам кога ке пораснат?).Арсенал за разлика од прошлата година негде три четвртини од првенството беа лидери(на изненадување кај сите)но во последните 100 метри го изгубиа здивот и се најдоа на третото место со 2 бода од Челзи и 4 бода  помалку од Манчестер кој и не е така лош скор.За овој условно кажано кикс причина не се ниту повредите ниту заморот ниту како што самите сакаат да кажат-судиите туку немањето некој мудоња во тимот кој ке блуе срчи и оган кога ке биде најпотребно и најтешко (мислам за тие пет-шест натпревари без победа во самиот финиш и киксот со Ливерпул во ЛШ) и со индивидуални потези ке придонесе тимот да је преброди евентуалната криза или пад на форма.Сега се е во рацете на Венгер,горе доле го задржи ростерот(како кикс му се препишува заминувањето на Фламини но јас не мислам така) и според мене време е да земе некој мрсни скапи засилување кој кога ке се кршат копјата ке бидат тука да ги земат работите во свои раце,во спротивно ке седат на третото или четвртото место од пиедесталот и ке се маваат у груди како играле "најубав фудбал за око" кој мене веке оваа глупа констатација ми станува  се посмешна и посмешна.Има иднина во овој тим но пак ке кажам се е во рацете на французинот.

ЧЕЛЗИ -  Тимот т.с менаџерот кој мене ме фасцинира цела година.Со проблемите и раздорот кој им ги остаи "специјалниот" Мурињо,Аврам се справи и тоа доста успешно на изнендавање на сите.Исвиркуваниот израелец во неколку наврати како од медиумите така и од самите фанови на крај покажа и докажа дека не е така лош менашер како што некој сакаат да го претстават.Едноставно немам никаква замерка за тимот кој оваа година му беше единствен конкурент на Манчестер како во ЕПЛ така и во Москва на 21 во финалето на Лигата на Шампионите.Големо Браво за Аврам за Челзи и пред се за играчите.

 picsrv.manutd.comуѕѕ.jpg

Помина и оваа сезона на мое задовоство половично успешна,другата половина треба да се освои на 21 мај во Москва за доживувањето да биде комплетно и поголемо.Со концетрација на одбраната кој оваа године беше изузетно цврста и со ефикасноста на нападот мислам дека и оваа престижна титула имаме големи шанси да ја освоиме,знаејки дека имаме некоја минимална психолошка предност пред мечот не треба ни секунда да се опуштиме заејки какви фајтери и професионалци се избраниците на Гранд,ке биде тешко но не и невозможно.Се најдобро до 21 мај.Поздрав и за крај неизбежното

   

                ЖИВЕЛИ!!!

 


picsrv.manutd.comфд.jpg

  • Ај честито титула!!!

    Сосема заслужено ја освоија! Буквално имаа најкомпактен тим! Немаа дупка на некое место! Може Браун на десно, ама тоа само за напад! Кристијано ѕвериште!!!

    За фудбалот за око, факт е дека Арсенал одиграа најубаво за око...Сепак фудбалот се игра за публика ако не па...И незнам шо е смешно во таа констатација...Не е исто да ги гледаш Бразил и Италија на пример...Секој си има свој стил на игра...

    За Ливерпул оваа сезона ќе ја прогласам за добра иако завршија на 4то...Добра само затоа шо на Мендо му текна дека не треба да ротира и си направи стандардна 11ка со стандардна формација и тоа се покажа како успешно со исклучок на дуелот со Манчестер...

    А Челзи треба да се крстат на случајностите...Според мене мислам дека коцките му се поклопија...Се повредија неколку играчи и влегоа нивните замени и они го извадија Челзи кога му беше најтешко...Пред се мислам на Балак, Џо Кол и Белети...Балак одигра одлича сезона и мислам дека со тоа му го зема местото на Лампард во Челзи, за кого и пред тоа немав убави зборови...

    (Gringo de Sousa 13 Мај, 2008 - 20:50 | одговори)

  • Најдобри сме. Eye-wink Smiling

    (Lost series 13 Мај, 2008 - 20:53 | одговори)

  • фала Гринго за честитките го почитувам твоето мислење но не можам да се сложам за "играта за око" на Арсенал,да,се слагам дека пред четири-пет години таа сезона кога го срушија рекордот играа рака на срце најубав фудбал и така ја освоија ЕПЛ,но последниве неколку години далеку се од тој перформанс кој е и причина за не така добри резултати и неосвајање ама на баш ниеден трофеј.Убавата игра треба да ја крунисаш и со некое признание еве тоа се дешава и со Барса оваа година живеат како пред три години и неможат да признаат дека сега друг шериф има во Шпанија.Историски успех за некој тим барем за мене е што поконстантно на освајање на признанија и одржување на врвот,знаеш џабе не викаат некогаш-лесно е да стигнеш на врвот но пеколно тешко е таму да се задржиш. ПОЗДРАВ
    (Radeon 14 Мај, 2008 - 09:54 | одговори)

  • Арсенал го игра најубавиот фудбал за око во Европа заедно со Рома, но ако играш добро за 5 години никој нема да се сеќава на тоа. Титулите оставаат белег на една генерација. Манчестер Јунајтед заслужено ја одбрани титулата поради 2 работи. Немаа толкави проблеми со повреди на клучните фудбалери и имаа долга клупа со можност за ротирање на Сер Алекс без притоа да се почуствува тоа. Кога на ова ќе се придодаде фантастичната сезона на Кристиано (иако сеуште нема одиграно ама баш ништо во важен натпревар) тогаш едноставно немаше шанса за останатите. Само замислете како ќе изгледаше Ман Утд ако К. Роналдо се повредеше на два месеци на пример. Тој им е Алфа и Омега во тимот иако сеуште не делува доволно созреано на моменти и како што споменав нема одиграно во важни натпревари.
    Се на се сосема заслужена титула.
    Поздрав

    (ReBorned 14 Мај, 2008 - 10:10 | одговори)

  • Честитки за титулата!

    Браво за Алекс и дружината, но сепак најголем придонес дадоа вонсериските способности на Роналдо. Головите и асистенциите на Роналдо ја направија разликата во тие +2 во однос на Челзи, ако не и повеке...

    Но убеден сум дека Челзи е посилен тим во директен дуел, еден на еден, со Менчестер. Некако многу сум уверен дека ке ја освоиме ЛШ во Москва.

    А гневен сум на Ливер и на Арсенал што не ви скинаа бодови во дерби дуелите. Тие бодови правеа голема разлика. ние ги губевме, вие ги добивавте. Стварно успевавте да победувате и на лесни и на тешки натпревари, а со Челзи све беше несигурно и неконстантно... затоа и не жалам многу... здравје до идната сезона.

    (Borgoth 14 Мај, 2008 - 15:36 | одговори)

  • Фала Боргу за Честитките!!!
    Што се тиче кој е посилен од двата тима ке каже 21 во Москва на неутрален терен,а во врска со Ливер и Арсенал кажав и во постот да не се повторувам.
    Поздрав.

    (Radeon 15 Мај, 2008 - 11:01 | одговори)

  • Radeon

    Пријатели

    Барај со Најди!

    Категории

    Претходни записи

    Последни коментари

    Архиви

    Site Meter